Материјалот букле кој е попознат и како “Шанел” материјал, се врати на сцена и тоа не само на полето на модата туку и во светот на мебелот!
Буклето уште од самите почетоци бил синоним за луксузен дизајн.
Последните две години се провлекува како тренд во уредувањето на ентериерите, а од таа позиција нема така лесно да се замени.
Бела софа од букле е класичен избор за модерен париски дом, велат експертите за ентериер. Бела софа, високи плафони и минималистичка фотелја се одраз на француско уредување на домот. Но, поради својата историја која потекнува од средината на минатиот век, буклето исто така изгледа прилично ретро, така што во било која друга боја ќе го постигне својот богат впечаток. Особено во потемните бои зрачи со исклучителна моќ и убавина.
Зошто да одберете букле?
Било кое парче мебел во букле материјал изгледа многу
пријатно и топло, а на просторот му дава тренди изглед. На пример, софата ЕГО
од Elitte Sofa која може да се направи во разни елементи и димензии, би
била вистински погодок за модерно уредена дневна соба.
Доколку на вашиот дом му треба промена, доволно е само да додадете
некое парче од букле, како на пример некоја фотелја, табуретка или пак
трпезариски столици од букле.
Секако дека буклето не ја заобиколува ниту спалната соба, а таму мора да го има централното место - на креветот! Овој богат материјал ќе и даде дополнителна топлина на вашата спална.
За среќа, во Elitte Sofa изборот на мебел во букле е навистина голем, па доколку сметате дека ова е текстурата која мора да ја имате дома, побарајте ги вашите парчиња мебел токму во нашиот салон.